Connect with us

Холандија е прв четвртфиналист на Мундијалот во Катар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Холандија се први четвртфиналисти на Светското првенство во Катар откако во првиот осминафинален дуел ја совладаа селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3-1.
Мемфис Депај во десеттата минута го отвори резултатот, а Дејли Блинд во 45.минута зголеми на 2-0. 


Мала надеж селекцијата на САД врати со голот на Хаџи Врајт во 76.минута. Сепак, Холандија постигна трет гол преку Дензел Думфрис во 81. минута од мечот.


Холанѓаните во четврт-финалето ќе го чекаат подобриот од вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Австралија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови