Наполи сѐ уште е жив во трката за титулата откако славеше против Џенова на гости со 2-3. Расмус Хојлунд од пенал донесе триумф за гостите во 95.минута од дуелот.
Данецот Хојлунд беше стрелец и на првиот гол за Наполи, а Скот Мектоминеј донесе пресврт, откако Џенова поведе уште во третата минута со голот од пенал на Малиновски.
Коломбо во 57.минута повторно израмни, по големата грешка на Бонџорно, а на крајот сепак славеше Наполи.
Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, а шампионот играше со фудбалер помалку од 76.минута поради исклучувањето на Хуан Џесус.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













