Connect with us

Хојлунд го реши Јувентус и го одведе Наполи на врвот (ВИДЕО)

Наполи излезе како победник од дербито на 14. коло во Серија А, совладувајќи го Јувентус со 2-1 на „Диего Армандо Марадона“. Херој на шампионот беше Расмус Хојлунд, кој со два погодоци ја реши големата пресметка. Македонскиот репрезетативец Елиф Елмас беше стартер и одигра одличен меч во средниот ред на Наполи.

Тимот на Антонио Конте блескаше од самиот старт и поведе уште во 7. минута. Одличниот продор на Давид Нерес по десната страна заврши со идеална асистенција за Хојлунд, кој рутински го матираше противничкиот голман за 1-0. До паузата шанси имаа и Ди Лоренцо и Мектоминеј, но без промена на резултатот.

Во второто полувреме Јувентус ја крена играта и успеа да се врати. Во 59. минута Мекени нафрли, а талентираниот Кенан Јилдиз погоди за 1-1.

Кога изгледаше дека двете екипи ќе поделат бодови, Хојлунд повторно ја презеде главната улога. Во 78. минута данскиот голгетер уште еднаш беше прецизен и му донесе триумф на Наполи, кој до крајот сигурно го сочува водството.

Со оваа победа „партенопеите“ се вратија на лидерската позиција со 31 бод, еден повеќе од Интер и три пред Милан, кој утре гостува кај Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови