Connect with us

Хојлунд даде гол и го прослави во стилот на Роналдо, а потоа и го оттурна Жорге Жезус од себе (ВИДЕО)

Расмус Хојлунд имаше причина за славје против Португалија, но неговата прослава на крајот остана во сенка на конечниот резултат (2-4). Сепак, во фокусот останува неговата средба со селекторот на Португалците, Жорге Жезус, кого го оттурна од себе, веројатно како порака затоа што негов идол е Кристијано Роналдо.

Данска на домашен терен загуби со 2-4 од Португалија, иако во еден момент успеа да се врати во натпреварот. Токму Хојлунд го постигна голот за 2-2, а потоа реши дополнително да го „зачини“ славјето.

Напаѓачот на Данска ја имитираше препознатливата прослава „Сиуу“ на Кристијано Роналдо, испраќајќи јасна порака кон португалскиот табор. Роналдо не беше дел од репрезентацијата на Португалија на овој натпревар, па прославата на Хојлунд дополнително го привлече вниманието.

„Искрено, ни самиот не знам зошто го направив тоа пред камерите. Но, не бев задоволен од тоа што се случи меѓу него и мојот идол Кристијано, што на крајот доведе до заминувањето на Кристијано од репрезентацијата.

Сите знаат колку Кристијано ја сака репрезентацијата и дека никогаш не би постапил на таков начин доколку зад сцената не се случило нешто навистина значајно. Исто така, не бев задоволен што го загубивме натпреварот“, изјави Расмус Хојлунд.

Уште подраматично беше по натпреварот, кога Расмус Хојлунд јасно му порача на Жорге Жезус дека не е на нeгова страна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови