Вирален момент кој експресно се прошири на социјалните мрежи ги поврза двете фудбалски легенди и Босна и Херцеговина во една необична и забавна сцена.
Тиери Анри и Златан Ибрахимовиќ се најдоа во интересно расположение за време на емисија посветена на Светското првенство, каде низ смеа го запеаја култниот хит на Дубиоза Колектив: „I’m from Bosnia, take me to America!“.
Спонтаниот и духовит момент веднаш стана хит меѓу навивачите, особено поради начинот на кој двете светски ѕвезди, познати по својот карактер и смисла за хумор, се вклопија во босанскиот контекст.
We got Thierry Henry and Zlatan Ibrahimovic singing “I’m from Bosnia take me to America!”🇧🇦😅 #FIFAWorldCup pic.twitter.com/51CGZuwVdc
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) June 12, 2026
Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри се две од најголемите напаѓачки икони во модерниот фудбал, а и двајцата имаат посебни врски со Босна и Херцеговина.
Таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ, потекнува од околината на Бјелина, но одамна се преселил во Шведска, каде што е роден славниот напаѓач.
Од друга страна, сопругата на Тиери Анри е од Сараево, па и француската легенда има силна емотивна поврзаност со Босна и Херцеговина.
Токму затоа, нивната изведба на познатата песна предизвика симпатии кај бројни навивачи, кои уживаа во атмосферата што босанските фанови ја создаваат на стартот од Мундијалот.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во првото коло одигра 1-1 против Канада во Торонто. Тимот на Сергеј Барбарез беше блиску до голема победа, откако водеше од 21. минута со голот на Јово Лукиќ, но Канаѓаните успеаја да израмнат во финишот на натпреварот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













