Connect with us

Хибернијан доживеа пораз во Шкотска, пред дуелот со Шкендија во Конференциската лига

Хибернијан не успеа со победа да ја започне новата сезона во шкотската Премиер лига. Тимот од Единбург, кој во третото квалификациско коло од Конференциската лига ќе се соочи со Шкендија, претрпе домашен пораз од Мадервил со 1-2.

Само неколку дена пред европскиот предизвик против македонскиот вицешампион, Хибернијан покажа одредени слабости и остана без бодови на стартот од шампионатот.

Мадервил поведе во првото полувреме и на одмор замина со предност од 1-0. Домашниот состав одговори по паузата, а израмнувањето го донесе Мартин Бојл во 55. минута, реализирајќи пенал.

По голот за 1-1, Хибернијан тргна по целосен пресврт, имаше повеќе од играта и неколку изгледни прилики, но не успеа да го круниса периодот на доминација.

Мадервил ја искористи својата шанса и во продолжението повторно го совлада голманот на домаќините, со што стигна до победа и успешно ја отвори сезоната.

Шкендија во четврток ќе гостува кај Хибернијан во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Средбата во Единбург ќе започне во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови