Connect with us

Хетафе го попари Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа изненадувачки пораз од Хетафе (0-1) на домашен терен и направи сериозен чекор назад во трката за шампионската титула. „Кралевите“ сега имаат четири бода негатива во однос на лидерот Барселона.

Тимот од Мадрид не беше на посакуваното ниво, а особено се почувствува отсуството на повредениот Килијан Мбапе. Клучниот момент се случи во 39. минута, кога Мартин Сотријано постигна прекрасен погодок и ѝ донесе водство на гостинската екипа.

Во второто полувреме Реал Мадрид се обидуваше да воспостави притисок и да стигне до израмнување, но нападите беа без конкретна завршница и вистинска креативност во последната третина.

Во драматичната завршница мечот беше обележан и со два црвени картони – кај домаќините беше исклучен Франко Мастантуоно, додека кај Хетафе предвреме под тушевите замина Лисо.

По овој пораз, притисокот врз Реал дополнително се зголемува во финишот од сезоната, каде секој бод може да биде пресуден во битката за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови