Connect with us

Хет-трик на Гонзало Гарсија, Бетис настрада на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид демонстрираше сила на „Бернабеу“, совладувајќи го Бетис со 5-1 во рамките на 18. коло од Ла Лига.

И без повредениот Килијан Мбапе, „кралевите“ не оставија простор за сомнежи во нападот, а 21-годишниот Гонзало Гарсија блесна со хет-трик кој го одбележа натпреварот. Младиот напаѓач се покажа како вистинско оружје, постигнувајќи голови со левата и десната нога, како и со глава.

Првиот погодок дојде по само 20 минути игра, кога Гарсија со глава ја реализираше одличната асистенција на Родриго, постигнувајќи свој прв првенствен гол за Реал. Во 50. минута, тој повторно блесна, примирувајќи ја топката со гради и испраќајќи ја во мрежата зад голманот на Бетис.

Раул Асенсио ја зголеми предноста по нова асистенција на Родриго, со висок скок по корнер, додека Бетис успеа само да го намали резултатот преку Кучо Ернандес. Гарсија, пак, уште еднаш го потврди доминантниот настап со атрактивен гол од асистенција на Гулер.

Гарсија заслужено доби овации при излегувањето од игра, а неговото место го зазеде Фран Гарсија, кој во третата минута од продолжението постави конечни 5-1.

Со оваа победа, Реал Мадрид е втор на табелата со 45 бодови, додека Бетис останува шести со 28 поени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови