Connect with us

Хет-трик на Дориев за триумф на Согдиана (ВИДЕО)

Љупче Дориев блесна со маестрално издание во узбекистанската Суперлига и сам ја предводеше Согдиана до голема гостинска победа над Машал од 1-3.

Македонскиот репрезентативец беше нерешлива енигма за домашната одбрана, постигнувајќи ги сите три гола за својот тим и запишувајќи нов хет-трик во одличната сезона што ја игра.

Дориев го отвори резултатот уште во петтата минута, а на стартот од второто полувреме беше прецизен од белата точка за предност од 0-2. Само неколку минути подоцна, во 60. минута, го комплетираше хет-трикот и практично ги реши сите дилеми околу победникот.

Со оваа победа, Согдиана освои важни три бода, иако тимот сè уште се наоѓа во долниот дел од табелата, на 13. позиција.

Од друга страна, Дориев продолжува да доминира на листата на стрелци во шампионатот. Со 11 погодоци тој е убедливо прв меѓу голгетерите и потврдува дека ја игра најдобрата сезона во својата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови