Connect with us

Херта му даде отказ на Фреди Бобич

Фреди Бобич доби отказ од функцијата спортски директор на Херта Берлин, соопшти германскиот клуб. Херта го загуби градското дерби од Унион Берлин со 2-0 и се наоѓа на претпоследното место на табелата во Бундес – лигата.


51-годишниот поранешен германски репрезентативец беше назначен во клубот во 2021 година, откако ја напушти истата функција во Ајнтрахт Франкфурт.

Се очекуваше дека тренерот Сандро Шварц ќе добие отказ по натпреварот, но во оваа фаза само спортскиот директор Бобич ја плати цената за слабите настапи на Херта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови