Connect with us

Херојот останува во Шкендија Арачиново: Антонио Столески потпиша за уште една сезона

Голманот Антонио Столески и во следната сезона ќе го брани голот на Шкендија Арачиново, откако новиот прволугаш постигна договор за продолжување на соработката на уште една година.

Столески беше еден од најважните играчи во успешната сезона на „црвено-црните“, во која тимот обезбеди пласман во Првата македонска фудбалска лига. Со своите сигурни интервенции и одлични настапи, тој претставуваше вистински столб на екипата.

Тој посебно се истакна и во бараж натпреварот против Пелистер, кога блескаше во решавачките моменти, при изведувањето пенали.

Од Шкендија Арачиново истакнуваат дека искуството, професионализмот и посветеноста на Столески, како на теренот така и надвор од него, се од големо значење за амбициите на клубот во претстојната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови