Connect with us

Херојот на Зеленортските Острови ќе игра со Лионел Меси во Интер Мајами?

Интер Мајами би можел да го засили голманското место со искусниот чувар на мрежата на Зеленортските Острови, Возиња, објави „Марка“.

Клубот од Флорида е заинтересиран за 40-годишниот голман, кој со своите одбрани на Светското првенство остави силен впечаток и го привлече вниманието на раководството на американскиот тим.

Доколку се реализира трансферот, Возиња би имал можност да застане покрај еден од најголемите фудбалери во историјата, Лионел Меси. Аргентинецот е прва ѕвезда на Интер Мајами, а искусниот голман би можел да стане негов соиграч.

Возиња моментално е без клуб, откако го напушти португалскиот Шавеш. Во богатата кариера настапуваше и за Жил Висенте, Зимбру од Кишињев, АЕЛ Лимасол и Тренчин.

Голманот беше еден од најзаслужните за историскиот настап на Зеленортските Острови на првото Светско првенство во историјата на оваа селекција. „Сините ајкули“ стигнаа до шеснаесетфиналето, каде што по голема борба беа елиминирани од Аргентина со 2:3 по продолженија.

Во групната фаза, Зеленортските Острови приредија неколку одлични изданија, освојувајќи го второто место со нерешени резултати против Шпанија (0:0), Уругвај (2:2) и Саудиска Арабија (0:0).

Возиња со своето искуство би можел да биде интересно засилување за Интер Мајами, кој сака дополнително да ја зацврсти конкуренцијата во својот состав.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови