Connect with us

Хаверц испиша историја во Премиер – лигата со голот на „Енфилд“

Каи Хаверц беше херојот на Арсенал во големата победа од 0-1 над Ливерпул на „Енфилд“. Германскиот репрезентативец го постигна единствениот гол на дербито во 16. минута, со што им донесе на „топчиите“ прв триумф на овој стадион по пауза од 14 години, искачувајќи го лондонскиот тим на врвот на табелата во Премиер-лигата.

Покрај значајните три бода, погодокот имаше и историска вредност за Хаверц. Со вкупно 46 гола на 172 натпревари во англиското првенство, тој стана најефикасниот германски фудбалер во историјата на Премиер-лигата.

На тој начин 27-годишниот офанзивец го надмина досегашниот рекордер Илкај Гундоган, кој постигна 45 гола на 221 настап.

Хаверц пристигна во Англија во летото 2020 година, кога Челси го ангажираше како офанзивен играч за врска. Со текот на времето сè почесто добиваше улога во нападот, а во трите сезони на „Стемфорд Бриџ“ постигна 19 првенствени голови.

По трансферот во Арсенал во јуни 2023 година, Германецот значително ја подобри својата голгетерска статистика. Во дресот на лондонскиот клуб досега има 27 погодоци во Премиер-лигата, а најуспешна му беше сезоната 2023/24, кога 13 пати се запиша меѓу стрелците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови