Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани заминува од Партизани Тирана. Тој јавно истакна дека заминува поради тренерот Илир Даја кој не му ја дава очекуваната минутажа.
„Не сум веќе фудбалер на Партизани. Заминувам од клубот, сакам да се заблагодарам на раководството и на навивачите. Заминувам поради тренерот Илир Даја кој смета дека не треба да бидам стартер во тимот. Професионалец сум и го почитувам изборот на тренерот, но и знам дека не сум играч кој би играл десетина минути“, изјави Ферхан Хасани.
Тој веднаш по учеството со Македонија на Европското првенство без ниту ден одмор се приклучи на подготовките на Партизани Тирана, но на крајот дојде до недоразбирање со тренерот Илир Даја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













