Башкими и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите во Куманово, во натпревар каде двата тима влегуваат без психолошки притисок. Со оглед на тоа што двете екипи се во „комфорната зона“, тие се подготвени да го дадат својот максимум за вистински фудбалски спектакл.
Дефанзивецот на кумановскиот тим, Хасан Сумер, верува дека Башкими е подготвен да ја забележи првата победа против Струга ТЛ оваа сезона.
„Башкими и Струга ТЛ се екипи кои играат без притисок, бидејќи навреме ги исполнија своите цели. Натпреварот се игра во недела, кога очекуваме преполн стадион и фудбалски празник. Сметам дека е дојдено време за првата победа против гостинската екипа, а нема подобар начин тоа да се случи отколку во Куманово, пред нашите навивачи“, изјави Хасан Сумер.
Иако оптимизмот во Куманово е на високо ниво, статистиката е во корист на гостите. Досегашните меѓусебни дуели сезонава завршуваа со победи на тимот од Струга, додека Башкими на двата досегашни натпревари не успеа да постигне ниту еден гол.
Натпреварот Башкими – Струга Трим Лум се игра денеска, од 15 часот, на Градскиот стадион во Куманово.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













