Њукасл запиша убедлива и моќна победа од 4-1 против Манчестер Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“, освојувајќи три златни бода во битката за Лигата на шампионите. Ова им беше 17-ти триумф сезонава, а со 56 освоени поени „чавките“ се искачија на четвртото место на табелата во Премиер – лигата.
Натпреварот започна активно, а Сандро Тонали беше тој што го отвори резултатот во 24. минута со прецизен удар што ја раздвижи домашната публика. Манчестер Јунајтед успеа брзо да одговори преку младиот Гарначо, кој во 37. минута ја врати надежта за „црвените ѓаволи“.
Но, второто полувреме беше шоу во режија на Харви Барнс. Со два гола во 49. и 64. минута, ги „пресече крилјата“ на Јунајтед и го наклони мечот целосно на страната на Њукасл. Капата ја симна Бруно Гимараеш во 77. минута, кога ја затвори книгата за оваа вечер со четврти погодок.
За Манчестер Јунајтед, ова е веќе 14. пораз во лигата – бројка што кажува многу за тешката сезона на тимот од „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













