Connect with us

Хартс: „Ние имаме договор со Мато и сме многу мирни“…Канзас Сити: „Мато има преддоговор со Хартс и му посакуваме сѐ најдобро“

„Случајот Мато“ ја вжешти до максимум атмосферата во и околу Вардар, но и целиот македонски фудбал. Сите анализираат кој е во право, дали можело да се стори нешто поинаку и најважно, што ќе се изроди од оваа ситуација со еден од најдобрите фудбалери на најтрофејниот македонски клуб.


Хартс јавно објави дека има потпишано преддоговор со Роџерс Мато и дека од јули тој ќе почне да одработува тригодишен договор со шкотскиот клуб.


Во меѓувреме, Вардар објави на официјалниот сајт дека ја прифаќа понудата на Канзас Сити и дека очекуваат и Мато да ги договори личните услови за сума од околу 40.000 долари месечно.
Но, од Хартс уште еднаш јавно истакнаа дека се мирни во ситуацијата затоа што имаат потпишан договор со Роџерс Мато.

„Имаме потпишан договор со играчот и сме смирени околу ситуацијата“, изјави портпаролот на Хартс за шкотскиот медиум „Хартс стандард“.

Тие го исконтактирале и портпаролот на Канзас Сити, клубот од МЛС – лигата, кој очигледно сега се повлекува од трката.

„Спортинг Канзас Сити разгледуваше трансфер за Роџерс Мато, но тој избра да потпише преддоговор со Хартс и му посакуваме сè најдобро во иднина“, е ставот на клубот од МЛС – лигата.

Во целата ситуација, сега се поставува прашањето кога Роџерс Мато ќе се појави на подготовките на Вардар. „Црвено-црните“ заминаа на тринеделни подготовки во Сиде, каде ќе се подготвуваат речиси до почетокот на вториот дел од сезоната.

Хартс го објави преддоговорот со 22-годишниот играч во вторникот попладне. Мато официјално ќе стане играч на Хартс во јули и потпиша тригодишен договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови