Connect with us

Хартс и Вардар го договориле трансферот на Мато?

Шкотскиот прволигаш Хартс и најтрофејниот македонски клуб Вардар го договориле трансферот на Роџерс Мато и треба да се реализира во овој зимски преоден рок. Според шкотските медиуми, Хартс инсистирал на трансферот поради повредата на нивниот напаѓач и главна ѕвезда во тимот, Лоренс Шенкленд.

Драматични амплитуди имаа преговорите за заминувањето на Роџерс Мато, откако фудбалерот настапуваше за Уганда на Африканскиот куп на нации.

Хартс понуди 350.000 евра отштета, Вардар првично ја одби, а потоа шкотскиот клуб ги договори личните услови со Роџерс Мато како слободен агент за претстојното лето.

Но, Хартс инсистираше трансферот да се реализира до крајот на зимскиот преоден рок, што најверојатно и ќе се случи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови