Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн изјави дека неговиот соиграч Џуд Белингам го променил текот на натпреварот против Норвешка и додаде дека Англија стигнала до полуфиналето на Светското првенство, иако сè уште не го одиграла својот најдобар фудбал.
„Беше прилично израмнет натпревар кога станува збор за поседот на топката и шансите, но кога имате некој како Џуд Белингам, кој може да го промени текот на натпреварот како што повторно го направи денес, тоа е огромен фактор. Срцето и желбата на оваа екипа нè одведоа до победата“, изјави Кејн за „Би-Би-Си“ по натпреварот.
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако во Мајами по продолженијата ја совлада Норвешка со 2-1. По регуларните 90 минути резултатот беше 1-1.
На стадионот „Хард Рок“, Норвешка поведе во 36. минута со голот на Андреас Шјелдеруп, а потоа двапати погоди Џуд Белингам, во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 93. минута, на почетокот од продолженијата.
„Вложивме огромен напор. Изгледаше потешко отколку на натпреварот во Мексико. Жештината и влажноста навистина влијаеја врз нас. Моравме да најдеме начин, особено во второто полувреме и во продолженијата. Пресудни беа нашата решителност и борбеност“, истакна Кејн.
Капитенот на Англија беше запрашан и за настапот на двојниот стрелец Белингам.
„Постојано зборувам за тие херојски моменти. Во моментов изгледа дека или јас или Џуд ги постигнуваме головите, но сите беа одлични. Џуд ги добива пофалбите и тоа е целосно заслужено. Постигна два фантастични гола во најважниот натпревар и нè одведе во полуфиналето.
За да освоите трофеј и да стигнете далеку на еден турнир, потребни ви се фудбалери кои решаваат натпревари. Потребни ви се играчи подготвени да го дадат и последниот атом од силата и со своите потези да го одведат тимот до целта. Џуд го направи токму тоа за нас“, додаде капитенот.
На Кејн во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме му беше поништен гол поради офсајд.
„Мислам дека офсајдот беше навистина минимален. Во тој момент тоа ме налути. Исто така, мислам дека требаше да добиеме пенал, кој лесно можеше да биде досуден. Но, на крајот тоа не е важно. Во полуфиналето сме и само тоа се смета“, изјави тој.
Англија во полуфиналето в среда од 21 часот во Атланта ќе игра против бранителот на титулата Аргентина.
„Гледав како тренираме и го видов квалитетот што го поседуваме, особено во последната третина од теренот. Сè уште не успеавме целосно да го покажеме тоа. Сепак, во полуфиналето сме на Светското првенство, а сè уште не сме го одиграле нашиот најдобар фудбал.
Ако успееме да го покажеме тоа в среда, би можело да ја направи разликата меѓу освојување на турнирот и пораз. Сега ќе уживаме во победата, ќе се опоравиме, а за неколку дена ќе ги започнеме подготовките за новиот натпревар“, заклучи Кејн.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Реал Мадрид се фокусира кон Зубименди
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













