Англискиот напаѓач Хари Кејн го освои својот прв трофеј во кариерата. Во неделата, Баерн Минхен триумфираше по 34-ти рекорден пат во својата историја во германскиот шампионат. Овој трофеј е прв за голгетерот, кој досега имаше само индивидуални награди во кариерата.
Баварците го освоија пехарот, откако нивниот конкурент Баер Леверкузен одигра 2-2 на гостувањето против Фрајбург. Два круга пред крајот на Бундес-лигата, разликата меѓу двата тима е осум поени.
Минатата сезона „фармацевтите“ ставија крај на серијата од 11 последовни шампионски титули на Баерн, што случајно или не беше и првата сезона на Кејн по неговиот трансфер од Тотенхем на „Алијанц Арена“. Година подоцна, избраниците на Венсан Компани се вратија на врвот во Германија.
Фудбалерите на Баерн се собраа во ресторан во Минхен, каде го следеа натпреварот на својот ривал, со цел да ја прослават титулата уште истиот ден доколку ја обезбедат.
Најрасположен за славење беше Хари Кејн. Англичанецот објави неколку видеа на социјалните мрежи од прославата на баварците, на кои се гледа како пее и се забавува заедно со своите соиграчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













