Првиот полуфинален дуел меѓу Атлетико Мадрид и Барселона на „Метрополитано“ не остана запаметен само по убедливите 4-0 за домаќините, туку и по вистинска ВАР-драма што траеше цели осум минути.
Клучниот момент се случи во 52. минута. Пау Кубарси ја испрати топката во мрежата и на клупата на Барселона веќе се славеше – Ханси Флик ги крена рацете, надевајќи се дека токму тој погодок ќе биде искрата за кам-бек. Но, наместо продолжување од центарот, следуваше долга пауза.
Главниот судија Гонзалез Фуертес доби сигнал за проверка, а атмосферата на стадионот постепено се претвори во мешавина од свирежи, нервоза и неизвесност. Од другата страна, Диего Симеоне ги повикуваше трибините да создадат уште поголем притисок, додека Флик со неверување го следеше развојот на настаните.
Објаснувањето што пристигна подоцна предизвика дополнителни реакции. Според официјалното соопштение, системот направил грешка во моделирањето на играчите поради голема „густина“ во шеснаесетникот. По неуспешен обид за рекалибрација, ВАР тимот морал рачно да ги исцртува офсајд-линиите.
Проблемот бил во тоа што полуавтоматскиот офсајд-систем не можел да се користи. Токму таа технологија, која со помош на вештачка интелигенција ја утврдува позицијата на играчите во моментот на додавањето, треба да обезбеди побрзи и попрецизни одлуки. Наместо тоа, процесот се одолговлечи, а графичката реконструкција дури и не беше прикажана во ТВ-преносот.
На крајот, голот беше поништен.
Иако триумфот на Атлетико беше убедлив и заслужен, во Барселона повторно се отвори прашањето за конзистентноста на ВАР. Ова не е првпат каталонците да се чувствуваат оштетени – слична ситуација се случи и во лигашкиот дуел против Реал Сосиедад во Сан Себастијан, кога им беа поништени три гола, а за два подоцна беше признаено дека одлуките биле погрешни.
Овојпат, резултатот немаше да се промени драматично, но осумминутната пауза фрли сенка врз натпреварот кој очигледно заслужено го доби Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













