Connect with us

Хаос во ПСЖ по поразот: Дембеле вели дека секој игра сам, а Луис Енрике го искара дека бадијала е да се зборува

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не го криеше разочарувањето по поразот од 3-1 против Рен во Лига 1. Шпанскиот стратег оцени дека неговите фудбалери не одиграле на потребното ниво и дека пристапот кон натпреварот не бил како што бара ситуацијата.

Енрике посочи дека тимот не бил целосно концентриран и дека со ваков пристап не може да се очекуваат позитивни резултати, особено кога станува збор за борбата за шампионската титула. Според него, ПСЖ нема простор за вакви киксови доколку сака да остане сериозен кандидат за врвот.

По мечот, во фокусот се најдоа и изјавите на Осман Дембеле, кој јавно посочи дека во тимот недостасувало заедништво.

„Ако секој мисли само на себе, нема да стигнеме далеку. Минатата сезона клубот беше пред сè, а сега тоа не го гледам“, изјави Дембеле веднаш по натпреварот.

Кога му беше пренесена оваа изјава, Луис Енрике реагираше без двоумење.

„Таквите коментари се израз на емоции по пораз и немаат вистинска тежина. Не е добро лидерите да зборуваат на тој начин во јавност. Ваквите работи треба да се решаваат внатре во тимот, а не преку медиумите“, истакна тренерот.

Во продолжение тој направи и кратка анализа на средбата, нагласувајќи дека неговиот состав не успеал да го наметне својот ритам.

„Не бевме на потребното ниво. Мора внимателно да разгледаме зошто не ја контролиравме играта како што знаеме. Рен ги искористи нашите пропусти и беше поконкретен во завршницата. Во современиот фудбал, ако не си максимално фокусиран во секој момент, секој може да те казни“, порача Енрике, додавајќи дека им недостасувал интензитетот во клучните делови од теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови