Connect with us

Хаос во Хрватска: 43 уапсени, 35 повредени во тепачката меѓу „Торцида“ и полицијата (ВИДЕО)

35 повредени и 43 уапсени навивачи. Ова засега е билансот од синоќешната пресметка на навивачите на Хајдук и полицијата информираше попладнево хрватското МВР. 20 од повредените се полицајци, а петнаесетмина се навивачи.

Голем дел од навивачите од колоната која се движела од Загреб кон Сплит ненадејно почнале да ги напаѓаат полицајците кои биле во близина. Користеле разни предмети, а фрлиле и факел во близина на бензинска станица.

„Нападот беше жесток и се случи ненадејно, користеле палски, синџири и други предмети, имало само 16 полицајци, а навивачите биле неколку стотини“ – објавија од полицијата.

Полицијаците мораше да користат огнено оружје, ранети се двајца навивачи. Сместени се во сплитската болница. Од таму информираат дека повредените се помлади од 20 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови