Борусија Дортмунд и Карим Адејеми не се во најдобри односи.
Во изминатите денови се појави информација дека подобрата половина на Адејеми сака да живее во некој поголем европски град и дека репрезентативецот на Германија ќе побара трансфер.
Но, на сето тоа следеше одговор – Нико Ковач го извади од игра во победата над Борусија Менхенгладбах, по што Адејеми без поздрав се упати директно во соблекувалната, па мораше да интервенира спортскиот директор Себастијан Кел.
„Неговата замена беше сосема оправдана. Не играше добро и ќе биде казнет за своето однесување. Секако дека имаме теми за разговор по сè. Не ми се допадна неговата реакција, ниту кон тренерот, ниту кон неговите соиграчи“, изјави Кел.
Адејеми има договор до летото 2027 година, па сè повеќе изгледа дека ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, со влегувањето во последната сезона од договорот.
Неговата желба е да игра во Премиер – лигата, а засега нема конкретни индикации за преговори. Претходно се споменуваа Интер и Барселона, но тешко дека финансиски можат да го следат неговиот трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













