Премиер – лигата денес доживеа сериозен судиски удар. Само неколку часа откако беше објаснето зошто судиите го признаа голот на Ерлинг Халанд на „Олд Трафорд“, стигна ново соопштение – и признание дека сепак била направена грешка.
Судиската организација во Премиер – лигата официјално призна дека арбитрите погрешиле во проценката на спорната ситуација при голот за победа на Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед.
Станува збор за моментот од 60. минута, кога Халанд го постигна единствениот гол на дербито за победа на гостите од 0-1. Првично, на теренот беше досуден офсајд, но ВАР-проверката утврди дека норвешкиот напаѓач се наоѓал во дозволена позиција.
Проблемот, според судиската организација, настанал во продолжението на акцијата.
Во истата ситуација било утврдено дека Енцо Фернандез не ја допрел топката, поради што проценката за евентуален офсајд станала прашање на субјективна одлука – дали позицијата на Халанд влијаела врз играта.
Токму тука ВАР направил грешка.
„Судиската организација потврдува грешка во проценката кај голот на Халанд и за тоа директно го информира Манчестер Јунајтед“, стои во официјалното соопштение.
Од организацијата објаснуваат дека ВАР не го препознал веројатното влијание на позицијата на Халанд врз играта и поради тоа требало да препорача преглед на снимката од страна на главниот судија.
„Вечерва стапивме во контакт со Манчестер Јунајтед за да признаеме дека, според нашето мислење, е направена грешка во проценката. Ќе следи анализа на овој настан“, додаваат од судиското тело.
Така, само неколку часа по првичното објаснување со кое се бранеше одлуката, стигна целосно поинаков став – официјално признание дека требало да биде направена дополнителна проверка.
Но, останува едно логично прашање: што сега?
Натпреварот не може да биде повторен, резултатот останува запишан како 0-1, а трите бода остануваат на контото на Манчестер Сити.
Судиите признаа грешка, но таа грешка не може да се поправи на теренот. Манчестер Јунајтед остана без бодови, а целата ситуација повторно го отвора прашањето за квалитетот и конзистентноста на ВАР-системот во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













