Вардар загуби со 0-2 од Шкендија во големото дерби во Скопје, но по последниот свиреж вниманието беше насочено кон инцидентот на теренот.
По завршувањето на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу дел од фудбалерите на двете екипи. Неколку играчи на Вардар и на Шкендија се бркаа низ теренот и влегоа во директен конфликт, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Тензиите за момент се заканија да прераснат во масовна пресметка, но останатите актери успеаја да ги разделат фудбалерите и да спречат ситуацијата да ескалира.
Така, дербито заврши со неславни сцени, откако Шкендија претходно со 0-2 го совлада Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













