Црвена Звезда доживеа кошмарна европска ноќ. Наместо очекуван пласман во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, српскиот шампион доживеа убедлив пораз од Хапоел Бер Шева и остана без продолжение во борбата за елитното натпреварување.
На „Маракана“ домашниот тим загуби со 0-2, а поразот беше уште поболен ако се земе предвид дека и првиот натпревар заврши со победа на израелскиот тим од 1-0.
По ваквиот епилог, атмосферата во клубот целосно се промени. Според информациите од Белград, Дејан Станковиќ веднаш по натпреварот донел одлука да поднесе оставка.
Тренерот на Црвена Звезда, наводно, по последниот свиреж влегол во соблекувалната, се поздравил со фудбалерите и потоа заминал. Фактот што не се одржа ниту прес-конференцијата по натпреварот дополнително ги засили шпекулациите за неговото заминување.
За Станковиќ ова е особено тежок момент. Црвена Звезда повторно не успеа да се пласира во Лигата на шампионите со него на клупата, и тоа по четврти пат.
Сепак, приказната можеби сè уште нема конечен крај. Од клубот наводно не сакаат лесно да се откажат од својот тренер и ќе се обидат да го убедат да ја повлече оставката.
Одлуката би можела да биде донесена денеска, кога е закажан состанок на Управниот одбор. Токму таму ќе се бара одговор на главното прашање: дали Станковиќ останува на „Маракана“ или Црвена ѕвезда ќе мора да бара нов тренер.
Европскиот неуспех веќе е реалност, а сега клубот се соочува и со неизвесност на тренерската позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













