Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја коментираше убедливата победа од 5-0 над Атлетик Билбао во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, оценувајќи ја играта на својот тим како „фантастична“.
„Секогаш сум фокусиран на следниот натпревар, но високо го ценам тоа што го направивме, бидејќи против Еспањол не бевме доволно добри. Ми се допадна начинот на кој играше екипата, покажавме заедништво. Победа од 5-0 е фантастична. Но ова е само еден натпревар, во финалето сè ќе биде поинаку“, изјави Флик.
Барселона го „разнесе“ Атлетик Билбао за едно полувреме постигнувајќи четири гола.
„Ни беа потребни неколку минути за да влеземе во ритам, но потоа дејствувавме многу добро. Среќен сум бидејќи одлично го контролиравме натпреварот. Ја имавме топката во наш посед и, што особено ми се допадна – работевме напорно во одбраната до самиот крај, задржувајќи ја нашата мрежа недопрена“, додаде германскиот стручњак.
„Во изминатите денови Ламин Јамал чувствуваше одредени проблеми и не можеше да тренира, па затоа не беше во стартниот состав. Но, сега е во ред“, дополни Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













