Ханси Флик се обиде да остане објективен по тешката победа од 0-2 над Еспањол во првиот натпревар на Каталонците во 2026 година. Тренерот на Барса зборуваше и за работите со кои беше задоволен, но и за оние кои не му оставија добар впечаток, со оглед на тоа што триумфот беше неизвесен до самиот крај.
Жоан Гарсија му зададе многу маки на својот матичен клуб, а Барселона славеше со доцни голови во каталонското дерби.
„Апсолутно сум задоволен од трите бода. Има работи што мора да се поправат, но најважно е што ги освоивме трите поени. Резервите покажаа квалитет. Среќен сум за Жоан Гарсија, тој е еден од најдобрите голмани во светот. Не бев задоволен од првите 80 минути. Жоан имаше многу одбрани.
Еспањол одигра фантастичен натпревар. Ова беше дерби со одлична атмосфера. Искрено, не заслуживме да победиме, но нивото што го покажавме по измените беше клучно. Ја разбирам важноста на дербито. Имаше многу луѓе на улиците кои го чекаа овој меч. Знам колку значи победата на ваков натпревар и затоа сум среќен.
Како и секоја победа, и оваа ни дава самодоверба. Не беше лесно да се игра по божиќната пауза, но по овој триумф сме посигурни. Се надевам дека сè ќе оди добро и во Суперкупот на Шпанија. Многу сум задоволен од тоа што го гледам на тренинзите. Се мачевме, но ги освоивме трите бода“, изјави Ханси Флик.
Следниот натпревар на Барселона ќе биде во рамките на Суперкупот на Шпанија, каде што избраниците на Ханси Флик ќе се соочат со Атлетик Билбао во полуфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













