Connect with us

Ханси Флик: Ми личеше на лоша шега што Рафиња не доби место во идеалниот тим на ФИФА

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, јавно го искажа своето незадоволство поради фактот што Рафиња не се најде во идеалниот тим на годината.

ФИФА оваа недела ги додели наградите „The Best“ за 2025 година, а најголемата контроверзија произлезе токму од изоставувањето на бразилскиот офанзивец, кој не доби место ниту меѓу најдобрите 11 фудбалери.

Ако се земат предвид индивидуалните остварувања, Рафиња имаше извонредна сезона 2024/25. Со Барселона ги освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, а иако заврши како петтопласиран во изборот за „Златна топка“, неговото непојавување во идеалниот тим на ФИФА се смета за уште поголемо изненадување.

„Наградите на ФИФА и изборот за најдобрите 11 се обична шега, и тоа многу лоша. Кога видов дека Рафиња не е во идеалниот тим, помислив дека станува збор за сериозна зафрканција. Тој беше фудбалерот со најголемо влијание во сите натпреварувања. Во Лигата на шампионите учествуваше во 22 гола – 13 погодоци и девет асистенции – и беше далеку пред сите други. А ако ги гледавте натпреварите, неговото влијание врз играта беше неверојатно. Ова навистина не е фер и сè уште мислам дека е шега“, изјави Флик.

Дополнително незадоволство предизвика и фактот што пред Рафиња се најде Џуд Белингaм, кој не освои ниту еден трофеј, ниту пак имаше впечатлива индивидуална сезона. На многумина не им е јасно ниту зошто Кол Палмер е рангиран пред Бразилецот. Исто така, изненадување беше и изоставувањето на Мохамед Салах од идеалниот тим, особено ако се има предвид неговиот огромен придонес во походот кон титулата во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови