Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше по победата на неговиот тим со 4-1 против Севилја во дуелот од 23. коло на шпанската Ла Лига.
„Би сакал да ја истакнам нашата игра. Бевме добри во првото полувреме и се боревме во второто. Противникот имаше брзи играчи по крилата, но добро ги задржавме. Бевме трпеливи“, изјави Флик.
Со оваа победа, каталонците се доближија на само еден бод од второпласираниот Атлетико Мадрид и на два од лидерот Реал Мадрид. Благодарение на овој триумф, повторно ја вратија надежта дека можат да освојат четири трофеи во текот на сезоната. Тие веќе триумфираа во Суперкупот, се пласираа во полуфиналето на Купот на Кралот, а во Лигата на шампионите убедливо ја минаа групната фаза и директно ќе играат во осминафиналето без да минуваат преку плејоф.
„Фермин постигна важен гол, а потоа беше исклучен… Тоа е резултат на притисокот. Се случува. Ова е добра лекција за иднината“, истакна Флик.
Доколку работите се одвиваат во нивна корист, тимот на германскиот стратег ќе има шанса да се искачи на врвот на табелата.
„Во Ла Лига има три, четири или пет многу добри тимови, а ние сме еден од нив“, заклучи Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)













