Connect with us

Ханси Флик бесен на судиите: „Овие се истите што нѐ убија и минатата сезона, нели?“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше бесен по поразот од 1-2 од Реал Сосиедад. По натпреварот упати остри критики кон судијата Хил Манцано и кон целокупното ниво на судење во шпанската елита. Дури три гола на Каталонците беа поништени, а покрај тоа судијата ја поништи и досудената пенал-ситуација во корист на Барселона по интервенција на ВАР.

„Мораме подобро да се браниме. Тоа беше очигледно кај вториот гол. Тој гол нè уби“, изјави најпрво Флик, пред директно да го насочи својот гнев кон судијата.


„Ла Лига има добри судии, а потоа го имаме и овој човек. Не сакам да трошам повеќе енергија зборувајќи за него. Читав коментари пред натпреварот и сите знаат каков е. Сите видоа што направи вечерва. Френки рече дека е арогантен и беше во право“, истакна Флик.

Тој, исто така, ја доведе во прашање работата на ВАР и недостигот на конзистентност во одлуките.
„Овие судии, тие се истите што ни го направија тоа и минатата сезона, нели? Истите луѓе се и во ВАР-собата? Браво“, додаде саркастично.

На прашањето за комуникацијата со судиите, Флик беше кус: „Не знам. Со овој човек? Да.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови