Долгата потрага на Хамес Родригез по нов клуб е при крај. По цело лето исполнето со шпекулации за неговата иднина, колумбискиот фудбалер наводно постигнал договор со Атлетико Насионал.
Доколку не дојде до неочекуван пресврт, Родригез по пауза од речиси две децении повторно ќе заигра во својата татковина.
Кариерата ја започна во Колумбија, но уште како 17-годишник замина во Аргентина, каде што го носеше дресот на Банфилд. Неговиот талент брзо беше забележан, па следуваше трансфер во Европа и преселба во Порто.
По успешниот период во Португалија, Родригез се пресели во Монако, а само една сезона подоцна го направи трансферот на кариерата. Реал Мадрид го доведе во своите редови, откако Хамес блесна на Светското првенство во 2014 година.
Оттогаш, сепак, неговата кариера тргна во поинаков правец. Колумбиецот промени уште осум клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Евертон, Олимпијакос и Сао Паоло, а последниот ангажман го имаше во Минесота.
Сега, на 35-годишна возраст, Хамес би можел да стави крај на долгогодишната европска авантура и повторно да заигра пред домашната публика.
Атлетико Насионал би бил неговиот прв клуб во Колумбија по речиси 18 години, со што една од најпознатите приказни на колумбискиот фудбал би добила емотивно продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













