Иднината на Ерлинг Халанд повторно е во фокусот на вниманието, но норвешкиот голгетер со својата последна изјава испрати порака која сигурно ги израдува навивачите на Манчестер Сити.
Англискиот клуб се соочува со сериозни последици поради случајот со наводните прекршувања на финансиските правила, а конечната одлука за евентуалната казна сè уште се очекува. Во меѓувреме, се појавија бројни шпекулации дека можен тежок епилог би можел да предизвика заминување на дел од најголемите ѕвезди од „Итихад“.
Халанд е логично меѓу играчите за кои постои најголем интерес. Норвежанецот во изминатиот период се поврзуваше со Барселона, Реал Мадрид и Арсенал, а се шпекулираше и со негово можно заминување уште во јануарскиот преоден рок.
Сепак, самиот Халанд сега јавно застана зад клубот.
„Мораме да останеме заедно и обединети. Мора да бидеме позитивни, без разлика што се случува во животот. Секогаш треба да бидете насмеани“, порача Халанд.
Напаѓачот потоа уште појасно ја објасни својата поврзаност со Манчестер Сити.
„Многу ми значи Манчестер Сити и тоа искрено го кажувам. Ми значат и навивачите, бидејќи и јас сум навивач на овој клуб. Се чувствувам исто како и сите останати, но повторно ќе кажам – мора да бидеме обединети и позитивни“, додаде тој.
Изјавата на Халанд веднаш беше протолкувана како јасна порака дека во моментов нема намера да го напушти Манчестер Сити. Норвежанецот е под договор со клубот и, барем според неговите зборови, останува фокусиран на тимот и покрај неизвесноста околу иднината на „граѓаните“.
Ситуацијата би можела значително да се промени доколку Манчестер Сити добие исклучително строга санкција, особено доколку клубот биде исфрлен од Премиер-лигата или остане без право на настап во европските натпреварувања.
Дотогаш, Халанд испрати порака дека сака да остане со Манчестер Сити и во еден од најтешките периоди во поновата историја на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













