Connect with us

Халанд шести пат по ред е најдобар фудбалер во Норвешка

Ѕвездата на Манчестер Сити и Норвешка, Ерлинг Хaланд, е прогласен за најдобар фудбалер на земјата за 2025 година. Тој ја освои наградата шести пат по ред. Кај жените, број еден е Грем Хансен, која исто така ја освои својата шеста „Златна топка“ во последните седум години.

Во Премиер – лигата, Хaланд имаше многу силна есен за Манчестер Сити, каде повторно постави рекорди – најбрзо достигна 100 голови во Премиер лигата, како и 50 погодоци во Лигата на шампионите. За Норвешка пак, постигна 17 голови на девет натпревари, што беше клучно за пласманот на земјата на Светското првенство.


25-годишниот фудбалер сега има вкупно 55 голови за националниот тим во 48 натпревари.

„Беше интересна година и се случија многу работи. Пласманот на Светското првенство го ставам на прво место. Без сомнение, тоа беше врвната точка за мене годинава. Фантастично беше да го оствариме тоа. Тоа е нешто за што можевме само да сонуваме. Со нетрпение го очекувам Светското првенство“, изјави Хaланд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови