Connect with us

Халанд не е од оваа планета – голови се редат како на лента

Ерлинг Халанд продолжува да ги поместува сите можни граници во голгетерството.

Норвежанецот постигна два гола во победата на Манчестер сити над Кристал Палас и продолжи со неверојатната низа оваа сезона. Тој сега има 23 гола на 22 натпревари, плус три асистенции.

Но, уште позабележителна е статистиката за целата кариера на Халанд: на 403 натпревари за клубовите и репрезентацијата на Норвешка, има 339 гола и 66 асистенции. Со други зборови, 405 Г+А на 403 натпревари – речиси секогаш кога игра, постигнува гол или дава асистенција.

Од доаѓањето во Сити, Халанд постави многу рекорди. На пример, во Лигата на шампионите е на деветтото место на листата стрелци со 55 гола, пред легенди како Тиери Анри, Андриј Шевченко, Златан Ибрахимовиќ, Филипо Инзаги, Дидие Дрогба и многу други.

Во Премиер – лигата, Халанд досега постигнал 102 гола на 113 натпревари. Ако продолжи со вакво темпо уште три-четири години, може да го престигне и легендарниот Алан Ширер, најдобриот стрелец во историјата на Премиер – лигата со 260 гола.

Не може да се споредува со никого – бројките на Ерлинг Халанд се како од „друга планета“ и за него единствената граница е небото, особено што има само 25 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови