Ерлинг Халанд со нетрпение го очекува четвртфиналниот дуел против Англија на Светското првенство, кој за него има посебно значење. Напаѓачот на Норвешка ќе се соочи со земјата каде што е роден, но и со голем број свои соиграчи од Манчестер Сити.
„Да, ова е навистина посебен натпревар за мене. Играм во Англија, роден сум таму, а дополнително ќе се соочам и со мои соиграчи од Манчестер Сити. Не би рекол дека е чудно, туку повеќе интересно и забавно. Верувам дека ќе биде одличен меч“, изјави Халанд.
Норвешка и Англија ќе се сретнат на 12 јули на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а според ѕвездата на Манчестер Сити, „трите лава“ се меѓу главните кандидати за освојување на светската титула.
„Нашите шанси сè уште се многу мали. Постојат неколку фаворити на турнирот, а Англија е една од нив. Мислам дека целиот притисок треба да биде врз нив“, додаде норвешкиот голгетер.
Норвешка направи историски успех во осминафиналето, елиминирајќи го петкратниот светски шампион Бразил со 2-1. Халанд призна дека тој триумф предизвикал огромна еуфорија во неговата земја.
„Да го победиме Бразил беше нешто неверојатно за нас, за сите Норвежани. А потоа да играме против Англија во четвртфинале на Светско првенство во САД е уште поспецијално. Ако ја почувствувате атмосферата во Норвешка, ќе сфатите дека вакви моменти не се случуваат често. Ова е нешто навистина големо за нашата земја“, порача Халанд.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













