Норвешка беше елиминирана од Англија со 2-1 по продолженија во четвртфиналето на Светското првенство, но Ерлинг Халанд откри дека до крајот на турнирот ќе навива за „трите лава“.
Напаѓачот на Манчестер Сити е роден во Лидс, додека неговиот татко Алф-Инге Холанд настапуваше за Лидс Јунајтед и беше пред трансфер во Манчестер Сити. Поради тоа, Холанд има двојно државјанство.
Запрашан дали отсега ќе ја поддржува Англија, Халанд без двоумење одговори:
„Да, зошто да не? Имам многу пријатели во Манчестер Сити кои настапуваат за англиската репрезентација и сакам да имаат успех. Уште како дете имав дрес од Англија пред да имам дрес од Норвешка.“
Покрај сегашните соиграчи во англиската селекција, Халанд сè уште одржува блиски односи и со поранешни соиграчи. Еден од нив е Џуд Белингам, со кого две години играше во Борусија Дортмунд. Токму Белингам со двата гола беше херојот на Англија во победата над Норвешка.
„Џуд е мој добар пријател и поминавме две прекрасни години заедно во Дортмунд. Тој е одлично момче. Воопшто не сум изненаден што ги постигна двата гола, бидејќи се наоѓа во извонредна форма. Мислам дека сосема неоправдано го критикуваат дека не постигнува голови доволно често. Џуд е неверојатен фудбалер и Англичаните имаат среќа што го имаат, бидејќи секоја репрезентација би посакала играч како него“, изјави Холанд.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













