Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, стана најмладиот фудбалер во историјата што стигнал до 60 гола во Лигата на шампионите. Норвешкиот голгетер го оствари историскиот успех на возраст од 26 години и 85 дена, соборувајќи го досегашниот рекорд на Лионел Меси за само еден ден. Аргентинецот до оваа бројка стигна на 26 години и 86 дена.
Уште поимпресивен е учинокот на Халанд во однос на бројот на одиграни натпревари. На напаѓачот на Манчестер Сити му беа потребни само 60 меча за да постигне 60 голови, додека Меси до истата граница стигна на својот 80. настап во елитното европско натпреварување.
60 Games. 60 Goals. Erling Haaland becomes the fastest ever player to score 60 goals in the UEFA Champions League 💨 https://t.co/in5nlutATD
— Prime Video Sport UK (@primevideosport) October 14, 2026
Рекордот беше поставен на спектакуларниот дуел на „Етихад“, на кој Манчестер Сити загуби со 2-4 од Пари Сен Жермен. Халанд двапати ја затресе мрежата на францускиот тим, во 53. и во 75. минута, но неговите голови не беа доволни за позитивен резултат на англискиот тим.
Норвежанецот досега постигна осум гола на шест натпревари за Салцбург, 15 погодоци на 13 настапи за Борусија Дортмунд и 37 гола на 41 натпревар во дресот на Манчестер Сити.
Со последните два гола, Халанд стана единствен рекордер во категоријата најмлад фудбалер што стигнал до 20, 30, 40, 50 и 60 погодоци во историјата на Лигата на шампионите.
Со оглед на неговата неверојатна ефикасност, рекордот на Кристијано Роналдо од 141 гол во најелитното европско натпреварување изгледа како достижна цел на долг рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













