Манчестер Сити ја потврди доминацијата на домашен терен, победувајќи го Вест Хем со 3-0 и привремено заземајќи го врвот на табелата во Премиер – лигата, пред мечот на Арсенал против Евертон во 17. коло.
Клучниот играч на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Норвежанецот постигна два гола и го достигна бројот од 104 погодоци во Премиер лигата, со што го престигна Кристијано Роналдо (103), и тоа со 122 натпревари помалку.
Третиот гол за Сити го постигна Тимо Рејндерс по асистенција на Халанд.
Во другите натпревари, Вулверхемптон продолжи со слаби резултати и загуби од Брентфорд со 0-2, додека Борнмут и Барнли ремизираа 1-1, а Брајтон и Сандерленд завршија без голови, 0-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













