Ашраф Хакими во наредните 24 часа и официјално ќе стане нов член на Пари Сен Жермен, а Интер веќе работи на неговата замена. Според италијанските медиуми, Интер смета дека Хектор Белерин би било вистинското решение за десната странична позиција.
Белерин беше блиску да го напушти Арсенал и минатото лето, сега трансферот е уште поизвесен, а неговата цена ќе биде околу 20 милиони евра.
Белерин може да игра во формација 3-5-2, да ја покрие целата десна страна и затоа Симоне Инзаги ја поддржа оваа идеја.
Интер ќе се снајде одлично затоа што ќе заработи 60 милиони евра веднаш од продажбата на Хакими и уште 10 милиони евра преку лесно остварливи бонуси. Интер досега го донесе Хакан Чалханоглу од Милан ова лето, како слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













