Капитенот на Мароко, Ашраф Хакими, изјави дека натпреварот против Бразил не бил лесен, но дека неговата селекција е задоволна од прикажаното во првото коло на Светското првенство.
„Не беше лесно, тие се едни од фаворитите на турнирот. Одигравме нерешено, но сме задоволни од нашата игра“, изјави Хакими за „Фокс Спорт“.
Мароко и Бразил ремизираа 1-1 во натпреварот од првото коло во групата Ц на Светското првенство, одигран во Њујорк.
Мароканците поведоа во 21. минута преку Исмаел Саибари, додека израмнувањето за Бразил го донесе Винисиус Жуниор во 32. минута.
Иако Мароко беше подобриот тим на теренот и остави впечаток дека пропушти можност да стигне до победа против големиот фаворит, Хакими смета дека тимот треба да го задржи позитивниот пристап.
„Мораме да напредуваме од натпревар во натпревар и токму на тоа ќе се фокусираме. Треба да продолжиме понатаму, да ги задржиме позитивните работи и да учиме од грешките“, порача десниот бек на ПСЖ.
Во второто коло Мароко ќе се соочи со Шкотска во Бостон. Шкотите во првото коло ја совладаа селекцијата на Хаити со минимални 1-0.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













