Connect with us

Хакими асистираше, Брахим Дијаз погоди – Мароко во четвртфиналето на АКН

Мароко е третиот тим кој обезбеди место во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Со многу мака го совлада дебитантот Танзанија со 1-0, но се пласира меѓу осумте најдобри.

Долго време Мароканците се мачеа да го пробијат цврстиот „бункер“ на Танзанија, па на одмор се замина без голови. Решавачкиот момент дојде во 64. минута, кога Ашраф Хакими испрати прецизна асистенција до Брахим Дијаз, а напаѓачот на Реал Мадрид ја реализираше шансата за водство од 1-0.

Во финишот, домаќините имаа неколку прилики да ја зголемат предноста, а Танзанија неколку пати се закани кон голот на Мароко.

Во четвртфиналето, Мароко ќе се соочи со победникот од дуелот Камерун – Јужна Африка, кој се игра вечерва од 20 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови