Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, внесе јаснотија околу шпекулациите што се појавија во последните денови дека клубот веќе подготвува иднина без него, поради можноста тој да замине по крајот на сезоната. Шпанскиот стручњак нагласи дека не води разговори со раководството за својата иднина, дека се чувствува добро во Манчестер, но призна дека во фудбалот ништо не е целосно предвидливо.
„Во последните три или четири години, во одредени периоди, секогаш ми го поставуваат ова прашање. Порано или подоцна, на 75 или 76 години, ќе го напуштам Манчестер Сити. Го разбирам ова прашање кога договорот ми истекува, но сега ми остануваат уште 18 месеци. Толку сум задоволен, среќен и возбуден од развојот на тимот и од тоа што сум тука. Но, ова прашање се појавува секоја сезона во одредени моменти. Јас сум добро. Клубот и јас сме поврзани на неверојатен начин кога станува збор за одлуките што треба да ги донесеме. Што и да се случи – ќе се случи“, изјави Гвардиола.
Гвардиола беше дециден дека во овој момент темата за евентуално заминување не е на дневен ред и дека нема активни преговори по тоа прашање.
„Дали во моментов ја дискутираме мојата иднина? Нема такви разговори. Крај на темата. Во мојата втора или трета сезона тука кажав дека нема да останам засекогаш. Но, нема никакви дискусии. Секако, клубот мора да биде подготвен за сè – за играчите, за извршните директори. Освен сопствениците, освен ако не решат да го продадат клубот, што не мислам дека ќе се случи, за сите други мора да има подготвеност. Јас сум тука, но никој не знае што може да се случи. Дури и да имам десетгодишен договор или да ми остануваат уште шест месеци, фудбалот многу се менува. Во моментов сум фокусиран на Вест Хем, а потоа ќе поминам неколку дена со татко ми. Потоа се враќам за Нотингам Форест, Сандерленд, Челси, Брајтон и сè што нè очекува“, изјави Пеп на прес-конференцијата.
На крајот, Гвардиола појасни дека нема добри вести кога станува збор за кадровската состојба на тимот и дека ниту еден од повредените фудбалери на „граѓаните“ нема да се врати за саботното домашно соочување против Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













