Манчестер Сити ќе го доведе дефанзивецот Марко Гехи од Кристал Палас за 23 милиони евра, а англиските медиуми не можат да го игнорираат впечатливиот статистички аспект на трансферот.
Од доаѓањето на Пеп Гвардиола, кога шпанскиот стратег го презеде клубот од Манчестер доаѓајќи од Баерн Минхен, поминаа речиси десет години – период во кој Сити освои речиси сè што може да се освои.
Во тие десет години, Гвардиола доведе дури 25 дефанзивци, а со последниот трансфер на Гехи, вкупната потрошувачка на клубот за играчи од одбраната достигна неверојатни 1,6 милијарди евра.
Тоа е значително повеќе од останатите клубови од традиционалната „голема шесторка“: Арсенал доведе 19, Челси 20, Тотенхем 17, Манчестер Јунајтед 15, а Ливерпул 10 дефанзивци во истиот период.
Овие инвестиции, сепак, беа проследени со огромен успех: шест титули во Премиер – лигата, Лига на шампионите, два ФА купа, четири ЕФЛ купа и Светско клупско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













