Пеп Гвардиола конечно би можел да го добие играчот за кого сонува со години, затоа што Манчестер Сити тргна по бразилската ѕвезда Родриго.
Напаѓачот на Реал Мадрид, кој не е во прв план кај тренерот Чаби Алонсо, има отворена можност да го напушти клубот доколку посака. Раководството на „кралскиот клуб“ е подготвено да го пушти, а одлуката е целосно во рацете на играчот.
Гвардиола одамна е голем обожавател на Родриго и сега, по сѐ изгледа, е подготвен да направи чекор напред. Бразилецот долго се двоумеше околу заминувањето од Мадрид, но откако сфатил дека нема да има клучна улога во тимот, почнал сериозно да размислува за трансфер.
Понудата од Манчестер Сити изгледа примамливо, таму би бил една од главните ѕвезди заедно со Ерлинг Халанд, а играта би била повеќе насочена кон неговите квалитети.
Родриго е дел од Реал Мадрид од 2019 година, има одиграно 270 натпревари, постигнато 68 голови и запишано 51 асистенција, освојувајќи ги сите можни трофеи.
За да го донесат на „Етихад“, „граѓаните“ ќе треба да издвојат најмалку 100 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













