Менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го коментираше ремито 0-0 на гостувањето кај Сандерленд, изразувајќи жалење за пропуштените шанси.
„Ова е многу тежок терен за гостување. Не успеавме да реализираме многу ситуации, буквално од гол-линијата, а не од најтешките позиции. Во првото полувреме не го исполнивме она што го договаравме, но генерално беше навистина добар натпревар“, изјави Гвардиола.
„Требаше да ги пробиеме нивните линии и да делуваме ладнокрвно. Во второто полувреме играта ни се подобри, момците дадоа сè од себе. Сега се малку разочарани, но мора да ги држиме главите високо, бидејќи за три дена ни претстои тежок дуел со Челси“, додаде Пеп.
Тој истакна дека неговиот тим создал доволно ситуации за гол, особено во второто полувреме.
„Создавме доволно шанси и добро игравме во второто полувреме. Посветеноста и желбата беа на високо ниво, првото полувреме беше поразлично. Имавме многу можности – две ситуации на Савињо во второто полувреме, шанси за Џереми Доку, Јошко Гвардиол, Фил Фоден и Ерлинг Халанд. Моментите беа многу, но за жал не успеавме да ги реализираме“, заврши менаџерот на „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













