Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази задоволство од настапот на својот тим, и покрај ремито 1-1 против Брајтон во натпревар од 21. коло на Премиер – лигата.
„Ми се допадна начинот на кој игравме. Пропуштивме многу шанси. Треба да постигнуваме голови, но не го направивме тоа. Тоа е сè. Понекогаш погодуваме, понекогаш не. Мораме да продолжиме да се обидуваме“, изјави Гвардиола.
Очигледните промашувања и несигурната одбрана донесоа ново губење бодови за Манчестер Сити.
„Проблемот не е во одбраната. Таму имаме повеќе отсутни играчи, но проблемот не е дефанзивата“, нагласи Гвардиола, кој му даде шанса од првата минута на дебитантот Макс Алејн.
„Играчите се снаоѓаат одлично. Ми се допаѓа како играме. Се претставуваме многу добро, но едноставно не постигнуваме голови. Немаме победа на три последовни натпревари. Сега освојувањето на титулата станува многу потешко. Ќе продолжиме напред“, додаде Пеп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













