Пеп Гвардиола остро реагираше на критиките на Вејн Руни околу начинот на кој Манчестер Сити ја прослави победата над Арсенал.
По драматичниот триумф од 2-1, обезбеден со голот на Ерлинг Халанд, на теренот на „Етихад“ се случи вистинска еуфорија – навивачи беа во екстаза, дел од стручниот штаб влета на терен, а играчите бурно го прославија погодокот. Руни, пак, во емисијата „Match of the Day“ оцени дека прославата била „малку претерана“, став со кој се согласи и коментаторот Дени Марфи.
Гвардиола, иако не го спомена директно Руни, упати јасен одговор:
„Луѓето можат да зборуваат што сакаат, какви било глупости. Славеа затоа што знаат колку значи оваа победа против таков противник“, изјави тој.
Тој додаде дека емоциите биле сосема оправдани, со оглед на важноста на натпреварот:
„Ако не победевме, речиси ќе бевме готови. Победивме и останавме во игра. Како да не славиш таков момент?“
Шпанскиот стратег истакна дека сака неговите играчи да ги живеат тие моменти максимално, наместо да ги потиснуваат емоциите.
„Зошто да не уживаме во победите? Зар треба да чекаме крај на сезоната за да славиме?“, порача Гвардиола.
Тој додаде дека ваквите реакции нема да бидат правило по секој натпревар:
„Ако победиме 3-0 или 4-0 во средината на неделата, нема да правиме ништо посебно. Но, ова беше финале за нас. Можеби не за нив, но за нас – финале. И нормално е да се слави“, заклучи менаџерот на Сити.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













