Connect with us

Гвардиола: Овој триумф ни ја врати надежта за титулата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не ја криеше радоста по победата од 2-1 во дербито против Арсенал, резултат кој повторно ја отвори трката за титулата во Премиер – лигата. Со овој триумф, „граѓаните“ ја намалија разликата на само три бода, при што имаат и натпревар помалку, но Гвардиола се обиде да ја смири еуфоријата и да нагласи дека ништо сè уште не е решено.

„Не мислам дека ‘уживање’ е вистинскиот збор. Подобро е да кажеме надеж. Овој натпревар ни даде надеж, и тоа е сè. Им кажав на играчите да уживаат во моментот, но да останат фокусирани. Ние сме тука, но реалноста е која? Кој е на врвот? Не сме ние. Ако гледаме гол-разлика, тие се подобри. Но, имаме надеж и ќе се бориме до крај“, изјави Гвардиола.

Тој не се согласи со оценките дека Арсенал губи ритам во играта.

„Луѓето велат дека немаат инерција, но кога ќе ги гледаш како се борат за секоја топка, за дуели, за втори топки и прекини, тоа е врвен тим. Не би биле на врвот цела сезона ако не се такви“, додаде тој.

Гвардиола се осврна и на Ерлинг Халанд, кој се врати со гол по подолга пауза и водеше жестоки дуели со Салиба и Габриел.

„Не би сакал да сум Ерлинг Халанд и да играм против Салиба и Габриел. Искрено, подобро би ми било да читам книга“, рече со насмевка.

На крајот, тој му оддаде и почит на Бернардо Силва, кој најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

„Ако почнам да зборувам, ќе се расплачам. Само ќе кажам – благодарам од срце. Кога велиме ‘легенда’, тоа мора да е со големи букви. Тој е навистина посебен играч“, заврши Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови